Кос: Молдавија и Украина станаа дел од роаминг зоната на ЕУ

„Добредојдовте Молдавија и Украина во роаминг зоната на ЕУ без дополнителни трошоци“, објави еврокомесарката Кос

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Newsmax Balkans

Молдавија и Украина станаа дел од роаминг зоната на ЕУ, според информациите објавени од европската комесарка за проширување, „Марта Кос.

„Добредојдовте Молдавија и Украина во роаминг зоната на ЕУ без дополнителни трошоци! Од денес можете да „роамирате како дома“, бидејќи ние ви подготвуваме дом во Европската Унија. Предностите на нашата Унија ги зближуваат Европејците низ целиот континент – дури и пред самото пристапување во ЕУ“, напиша Кос на социјалната мрежа „X“.

Околу ова исто прашање, пред повеќе од месец, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски истакна дека Македонија активно работи на приклучување кон роаминг-зоната , со цел граѓаните да ги користат мобилните услуги во странство под исти услови како дома. Тој додаде дека ако Македонија не успее да го реализира ова како дел од пакетот следната година, ќе се пристапи и кон билатерални разговори со земјите каде што граѓаните најчесто патуваат, слично како што направија Украина и Молдавија.