Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска денеска информира дека половина од индустриските капацитети работат во зимскиот период, а интегрирани еколошки дозволи имаат и асфалтните бази кои што во периодов во зимските услови не работат и не можат да загадуваат со емисии во воздухот.
-Од цементарница УСЈЕ имаме добиено извесување на 20.12 дека работат со 50% капацитет поради ремонт на печка 4. Тоа обично го прават во зимскиот период поради тогаш побарувачката им е помала и вршат ремонти на печките 3 и 4. Инспекторите вршат само контрола над дозволата која што им е издадена. Точно е дека УСЈЕ има 24/7 мониторинг со посебен уред кој е од германска акредитирана лабораторија – не можат самите да си штелуваат бројките и тие извештаи ги објавуваат на нивната страница. За дa бидеме потранспаретни, заедно со министерот за животната средина и директорот на Управата за животна средина правиме напори за да можеме таквите извештаи да ги можеме да ги гледаме и ние во Инспекторатот и во Управата, со цел да сме потранспарентни кон граѓаните, кажа Гиновска на прес-конференција во Владата.
Директорката на ДИЖС објаснува дека индустријата загадува и се што излегува од оџакот загадува, како и од автомобилите и од домаќинствата, но, вели има студија направена во пет градови низ територија на државата каде што се вршеле мерења во текот на целата година, која покажала дека најголемо влијание врз квалитетот на воздухот во Скопје имаат домаќинствата, па возилата, па индустријата. Студијата, како што кажа Гиновска, е направена од експерти.
-Цементарница УСЈЕ таму постои со години, а сега се вперува прстот оваа зима, кога имавме само три дена аерозагадување и само три дена имавме позагаден воздух од претходните години. Не е во ред да го впериме прстот само во една инсталација затоа што во Скопје имаме повеќе, кажа директороката на ДИЖС.