Мицкоски повторно спомна „политички глодари“ откако беше запрашан до каде е еднократната парична помош за семејствата на загинатите од Кочани

-Се што имам да кажам, јас го кажувам на тие состаноци со родителите и Здружението, рече Мицкоски од Кочани

од Nikola Popovski
26 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Кочани порача дека избегнува да говори јавно на темата околу евентуална еднократна парична помош за семејствата на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“.

-Секогаш избегнувам да зборувам јавно бидејќи гледам дека одредени политички структури и блиски до одредени политички глодари се обидуваат таа тема да ја злоупотребуваат и да добиваат политички поени на маката на ожалостените семејства. Се што имам да кажам, јас го кажувам на тие состаноци со родителите и Здружението. Се појавив на Анкетната комисија, иако знаете дека имаше многу шпекулации и има многу шпекулации во јавноста за еден од тие состаноци со родителите. Можам да кажам дека дел од работите што се кажуваат во јавноста не се вистинити, кажа Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

Едно од прашањата од „Здружението на граѓаните 16-ти март 2025“ е до каде е постапката за институционална еднократка парична помош.