Кадар на ВЛЕН е нов директор на „Паркови и зеленило“, упати посебна благодарност до Касами

Муамер Сефери е новиот в.д. директор на ЈП „Паркови и зеленило“

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Фејсбук

Муамер Сефери официјално ја презеде функцијата в.д. директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Тој на оваа позиција доаѓа како член на коалицијата ВЛЕН, поточно од Движењето БЕСА. Самиот Сефери ја потврди информацијата преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција претставува „голема доверба и сериозна обврска“ за него.

Во својата објава, новиот директор најави дека ќе работи во интерес на јавното добро.

„Со висока чест и одговорност, денес ја презедов должноста в.д. директор на Јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“.  Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес.

Посебна искрена благодарност упатувам до Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, како и до раководството на коалицијата ВЛЕН, за укажаната доверба. Исто така, им се заблагодарувам на сите структури и активисти на ВЛЕН за континуираната поддршка и коректната соработка.

Убеден сум дека со чесна работа, ефикасно управување и институционална соработка ќе постигнеме конкретни резултати во унапредувањето на зелените површини и јавните услуги, во интерес на граѓаните“, порача Сефери.