Нови цени на пумпите – поевтинуваат бензинот и дизелот

Од полноќ нови цени на горивата

од Nikola Popovski
34 прегледи Фото: Принтскрин

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,94% во однос на одлуката од 29.12.2025 година.

Од 06.01.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,00 (денари/литар)

-Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,00 (денари/литар)

-Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

-Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

-Мазут М-1 НС 32,801 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и сега ќе изнесува 32,801 ден/кг.