📽️Убиец осуден на 12 години затвор им пеел на Вучиќ и Брнабиќ во студиото на „Информер“

Драган Ашанин, осуден убиец на 18-годишна девојка, за Божиќ им пеел на Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ, Драган Ј. Вучиќевиќ и бројни министри на прославата на телевизијата „Информер“, објави новинарот на КТВ - Немања Шаровиќ.

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ ТV Happy

Драган Ашанин, осуден убиец на 18-годишна девојка, за Божиќ им пеел на Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ, Драган Ј. Вучиќевиќ и бројни министри на прославата на телевизијата „Информер“, објави новинарот на КТВ – Немања Шаровиќ.

„Неговата жртва Јасмина Ѓорѓевиќ имаше само 18 години кога Ашанин испука три куршуми во неа. Убиството беше извршено пред очите на нејзиниот дванаесетгодишен брат! Ашанин за убиството е осуден на 12 години затвор”, напиша Шаровиќ на социјалната мрежа Х и додаде:

„Сето ова не им пречеше на Александар Вучиќ, Дарко Глишиќ, Ана Брнабиќ, Драган Вучиќевиќ или многу други министри кои со Ашанин го прославија еден од најрадосните христијански празници Божиќ. Срамно“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за полиција Ивица Дачиќ и други членови на српската Влада го поминаа Божиќ во студиото на ТВ Информер, каде што, меѓу другото, се пееја четнички песни, а главна музичка ѕвезда беше претходно споменатиот Ашанин, пишува српска „Нова“.

Пееше и министерот за полиција Ивица Дачиќ, а додека претседателот, министрите и претседателот на Собранието славеа, цела Србија беше блокирана од снег, а некои граѓани беа без струја и вода четврти ден во тој момент, и така го прославија Божиќ, додаваат од изданието.