Цените на угостителските услуги во декември 2025 сe зголемени за 3.5 % во однос на истиот период година претходно

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 4.8 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.3 %.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Фејсбук

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година не бележат промени во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Во декември 2025 година во однос на истиот месец од претходната година цените на угостителските услуги сe зголемени за 3.5 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 4.8 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.3 %.

Кај групите Храна, Алкохолни пијалаци, Безалкохолни пијалаци и Ноќевања, цените на угостителските услуги во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година не бележат промени.