ЕК: Промената на режимот во Иран не е дел од заедничката европска политика

Промената на режимот во Иран не е дел од заедничката европска политика, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар Ел Нуни

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Принтскрин

Промената на режимот во Иран не е дел од заедничката европска политика, изјави портпаролот на Европската комисија, Анвар Ел Нуни, како одговор на прашањето дали Комисијата го поддржува соборувањето на режимот и враќањето на иранскиот престолонаследник Реза Пахлави.

Во исто време, тој го повтори повикот до властите да ја почитуваат слободата на изразување на мирните демонстранти, како и да го вратат пристапот до информации и интернет за сите Иранци.