Обвинение против 53 лица во Хрватска, го оштетиле буџетот за најмалку два милиони евра

Случајот се однесува на афера за даночно затајување преку лажни сметки што, според УСКОК, го оштетила државниот буџет за околу два милиони евра

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Одговорно

Хрватската канцеларија за борба против корупцијата и организираниот криминал (УСКОК) поднесе обвинение до Окружниот суд во Загреб против 52 хрватски државјани и еден граѓанин со двојно бугарско и албанско државјанство, за сторено кривично дело злосторничко здружување, помагање и поттикнување на даночно или царинско затајување и перење пари.

Случајот се однесува на афера за даночно затајување преку лажни сметки што, според УСКОК, го оштетила државниот буџет за околу два милиони евра

Како што објави хрватскиот портал Индекс, поранешниот фудбалер Јосип Шимиќ е меѓу најпознатите обвинети.