Фон дер Лајен ја осуди политиката на „X“ и „Грок“ за креирање експлицитна содржина

„Згрозена сум што технолошката платформа им овозможува на корисниците дигитално да ги соблекуваат жените и децата преку интернет. Ова е незамисливо однесување“

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес ја осуди политиката на платформата „X“, имено можноста корисниците да креираат сексуално експлицитни лажни слики (deepfakes) користејќи ја алатката за вештачка интелигенција „Грок“.

„Згрозена сум што технолошката платформа им овозможува на корисниците дигитално да ги соблекуваат жените и децата преку интернет. Ова е незамисливо однесување. А штетата што ја предизвикуваат ваквите лажни слики е многу реална“, рече Фон дер Лајен, објави порталот „Политико“.

Според неа, Европската Унија ќе биде принудена да направи нешто во врска со ова прашање ако „Силиконската долина“ не преземе нешто.