Трендафилов: Газдите кукаат дека немаат квалификувани работници, Владата смета дека не треба да се зголемуваат платите, а работниците си заминуваат од Македонија

-На кого му одговара македонските квалификувни работници да си заминат од Македонија, прашува првиот синдикалец во државата

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: ССМ

„На кого му одговара македонските квалификувни работници да си заминат од Македонија“, прашува претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов во објава на Фејсбук. Ова следува откако Хрватска издаде 11.384 дозволи за македонски работници и во контекст на податокот дека лани вкупно 6.128 странски државјани добиле дозволи за привремен престој поради работа во земјава, што е за три и пол пати повеќе во споредба со пред пет години, кога вакви дозволи им биле издадени на 1.704 лица.

Според Трендафилов, политиката на ниски плати е многу погрешна, но, како што вели, „ако не излезете со нас на протестите, тие мислат дека ја поддржувате“.

-11.384 работници од Македонија во 2025 година добиле работни дозволи за работа во Хрватска, уште колку заминале во Црна Гора, Словенија, Германија итн., а македонските газди замениле само 8500 од нив со работници од Бангладеш, Непал и Индија (за кој се сомневам дека останале во Македонија)

Газдите кукаат дека немаат квалификувани работници, Владата смета дека не треба да се зголемуваат платите, а работниците си заминуваат од Македонија, па легитимно е прашањето на кого му одговара македонските квалификувани работници да заминат од Македонија, прашува Трендафилов во својата објава на социјалните мрежи.

Од Сојузот на синдикати на Македонија велат дека не гледаат „светло во тунелот“ , односно позитивни вибрации од страна на Владата и работодавачите за поголемо зголемување на платите од законското усогласување во март. Поради тоа од 15 јануари излегуваат на протести.

-Барањето е јасно 600 евра минимална плата и по 100 евра зголемување на сите останати плати, изјави, меѓу другото, за „Локално“, Иван Пешевски од ССМ.

ССМ излегува на протести – Владата и газдите немаат разбирање дека платите мора да растат