Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе ја посетат Белата куќа

Средбите во Вашингтон ќе се одржат во услови на зголемени тензии околу арктичкиот остров по изјавите на Трамп дека САД треба да го „поседнат“ Гренланд во име на своите национални интереси.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд, Ларс Леке Расмусен и Вивијан Мотцфелт, утре ќе ја посетат Белата куќа на средби со потпретседателот на САД Џ.Д. Венс и државниот секретар Марко Рубио, објавија светските агенции.

А следната недела, данскиот министер за одбрана Троелс Лун Полсен треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за да разговара за безбедноста на Арктикот.

Средбите во Вашингтон ќе се одржат во услови на зголемени тензии околу арктичкиот остров по изјавите на Трамп дека САД треба да го „заземат“ Гренланд во име на своите национални интереси.