Втората половина од јануари носи финансиско олеснување и позитивен пресврт за два хороскопски знаци.
По период на застој, грижи и неизвесност, енергијата почнува да се менува, а паричните текови конечно се активираат. Некои ќе добијат неочекуван прилив, други ќе видат резултати од труд вложен уште претходните месеци.
Бик
За Биковите доаѓа стабилизација. Пари кои долго ги чекале конечно пристигнуваат – преку задоцнета исплата, бонус или враќање долг. Втората половина од јануари носи чувство на сигурност и можност повторно да се планира без страв. Добар период за паметни вложувања и затворање стари обврски
Лав
Лавовите влегуваат во фаза на награда. Финансискиот напредок доаѓа преку работа, дополнителен ангажман или нов договор. Можно е зголемување на приходите или понуда што отвора врата кон подолгорочна стабилност. Самодовербата расте, а со неа и храброста да се побара повеќе.