Шкорпија
Кај Шкорпиите парите доаѓаат неочекувано. Станува збор за прилив што не бил во план – помош, наследство, исплата или добивка. Ова е период кога се решава финансиски проблем што долго тежел. Интуицијата ќе ги води кон правилни одлуки, особено кога станува збор за пари.
Водолија
Вашиот поглед на работите е поинаков од околината, но токму тоа е вашата предност. Денот носи интересен разговор или идеја што може да се развие во нешто поголемо. Не ги потценувајте сопствените мисли. Попладне може да примите значајна сума на пари од некоја постара личност. Имате добри шанси да бидете предложени за некоја дополнителна работа, но ви се советува да не донесувате избрзани одлуки.