ССМ повикува на протести: Прагот на сиромаштија е 31.200, а минималната плата 24.379 денари

„Тие (Владата) сакаат работниците да одат на работа, а да се сиромашни. Се уште се прашуваш дали треба да ни се придружиш на протестите“, порачуваат од ССМ

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Фејсбук/Официјален профил на Сојуз на синдикатите на Македонија

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека стапката на сиромаштија во Македонија во 2024 година изнесувала 21,9 проценти, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

„Прагот на сиромаштија е утврден на 374.400 денари годишно, односно околу 6.100 евра. Тоа значи дека едно четиричлено семејство месечно треба да располага со најмалку 31.200 денари за да не се смета за сиромашно. Владата смета дека минималната плата треба само да се усогласи за околу 25 евра и истата да изнесува околу 26.000 денари или за 5.200 денари под прагот за сиромаштија“, порачуваат од ССМ, потенцирајќи дека „власта сака работниците да одат на работа, а да се сиромашни“.

-Се уште се прашуваш дали треба да ни се придружиш на протестите, прашуваат од ССМ во својата јавна објава.

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов потсетува дека според последните податоци од УЈП, повеќе од 16.000 работници примаат плата под 23.000 денари, што е многу загрижувачки.

„Но што ако тие 16.000 работници излезат на улица и бараат зголемување на нивните плати, има ли таков што ќе ги одбие? Моќта е во работниците, но треба да сакаат да ја искористат, а ако не протестираат, другите мислат дека се задоволни и со таа плата“, укажува Трендафилов.

Слични содржини