🎥Орце најави изградба на парк од 300.000 м2 на местото на Вардариште

„Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата“, објави градоначалникот

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Фејсбук

Зборот е збор – депонијата Вардариште заминува во историјата!, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој информира дека започна површинското чистење на повеќедецениската депонија во источно Скопје.

-Следува процесот на одгасување, а потоа – изградба на еден од најголемите паркови на површина од 300.000 метри квадратни, по сите стандарди.

Новите бели дробови на градот!, пишува Ѓорѓиевски во својата објава.