🎥Се обновува фонтаната „Лотос“ на влезот од Градскиот парк

Градоначалникот Ѓорѓиевски посочи дека паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Фејсбук

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео во кое вели дека култната фонтана на влезот на Градскиот парк во Скопје, повторно го добива својот сјај.

Започнавме со целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“, сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено, информира денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

Ѓорѓиевски посочи дека паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива нов, модерен и достоинствен лик.

„Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува“, истакна градоначалникот додавајќи дека Скопје ќе се прави заеднички – „по скопски“.