Ограбено финансиско друштво на подрачјето на општина Карпош, инфомираат од МВР.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска (16.01.2026) во 03:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во простории на финансиско друштво во трговски центар на подрачјето на Карпош било влезено со употреба на сила и биле одземени пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.