Дебата на Топ Тема на Телма за малцинските права: Законска заштита има, но дискриминацијата сè уште е реалност

Иако уставната и законската рамка во земјава формално ги гарантира слободите и правата на припадниците на малцинствата, прашањето колку тие права навистина се применуваат во секојдневниот живот останува отворено.

од desk4
14 прегледи Фото: Принтскрин

Надлежните институции и тела за заштита од дискриминација и понатаму евидентираат случаи на нееднаков третман, најчесто врз основа на етничка припадност.

Токму ваквите предизвици беа во фокусот на најновото издание на емисијата Топ Тема, во која се отвори дебата за ефективноста на постојните механизми за заштита на малцинските права, како и за улогата на новиот Акциски план за нивна унапредена заштита.

Во разговорот учествуваа Марија Сулејманова од „Ромалитико“, Стерјо Папули од Партијата на Власите од Македонија, Ненад Живковиќ од Партијата на Хрватите во Македонија и Рубин Земон од Сојузот на Балканските Египќани.

Соговорниците се согласија дека нормативната заштита сама по себе не е доволна доколку не е проследена со доследна примена, институционална одговорност и политичка волја. Во таа насока, беше отворено и прашањето дали Акцискиот план за заштита на правата на малцинствата може да претставува конкретен чекор кон намалување на дискриминацијата и подобрување на положбата на помалите етнички заедници во земјава.

Дебатата укажа дека, и покрај постоечките правни гаранции, патот до целосно остварување на малцинските права останува предизвик што бара континуиран дијалог и конкретни политики.