Рама го критикуваше албанскиот јавен сервис и отвора можност за негово затворање

Албанскиот премиер го критикуваше долгогодишното работење на РТШ, наведувајќи дека јавниот сервис е неуспешен и дека неговото производство е полошо од помалите комерцијални телевизии со помали буџети.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/Официјален профил на Еди Рама

Албанскиот премиер Еди Рама го нарече раководството на Албанската радиотелевизија (РТШ) „најбедниот сервис во светот“ и изјави дека јавниот медиумски сервис треба да се реформира, објави порталот „Шќиптарја“.

Рама нагласи дека никакви јавни пари нема да одат во РТШ додека не се спроведат реформи, а според него, сите опции се на маса, вклучувајќи конечно затворање, приватизација или партнерство.

Албанскиот премиер го критикуваше долгогодишното работење на РТШ, наведувајќи дека јавниот сервис е неуспешен и дека неговото производство е полошо од помалите комерцијални телевизии со помали буџети.

Слични содржини