Се чисти Топанско поле

Одлуката за продолжување на активностите е донесена врз основа на реалните потреби утврдени на терен, со цел секој јавен простор да добие соодветна и квалитетна грижа, соопштија од Општина Чаир.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Општина Чаир

Акцијата за одржување и чистење на зелените површини, започната минатата недела во соработка со ЈП „Паркови и зеленило”, ќе продолжи и во текот на оваа недела.

Одлуката за продолжување на активностите е донесена врз основа на реалните потреби утврдени на терен, со цел секој јавен простор да добие соодветна и квалитетна грижа, соопштија од Општина Чаир.

Екипите се ангажирани без прекин и моментално продолжуваат со активности во реонот на Топанско Поле, каде поради поголемиот обем на работи се спроведува детално чистење и кроење на дрвјата. Акцијата ќе се прошири и на другите предвидени локации и ќе се заокружи, согласно планираната агенда, со финални интервенции во Паркот на Чаир.

Општина Чаир останува посветена на зачувувањето на урбаната средина и континуираното одржување на зелените површини, како важен сегмент од унапредувањето на квалитетот на живеење на граѓаните, тврдат оттаму.