Снопче го обвини Тошковски дека „барата со тажна математика“ поради казните од „Безбеден град“

„Не знам дали јадете ѓеврек и јогурт, јас јадам насабајле - 40 денари е ѓеврек, 30 денари е јогурт. Една фамилија со четири членови за само ѓеврек и јогурт треба да даде 280 денари. Трипати дневно 840 денари. 30 дена само да јадат ѓеврек и јогурт е 25 илјади и 200 денари. Ова е поголем износ од минималната плата во државата“, кажа пратеникот

од Nikola Popovski
190 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

„Хипотетички доколку не беше фазата на тестирање, колку пари ќе собереше МВР од казните што ќе треба да ги исплатат граѓаните. Колку минимални плати ќе беа потребни или колку потрошувачки кошнички ќе требаше да исполниме со собирањето на казните. Сметам дека ги имате овие статистички податоци“ – ова пратеникот од едното крило на АА, Халил Снопче го праша министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

Снопче го праша Тошковски дали е свесен за големите цифри во економската криза со која се соочуваат граѓаните, а, како што вели, „вие ги товарите со овие казни“. Пратеникот го обвини министерот дека „барата со тажна математика – ги здробивме џебовите на граѓаните“.

-Јас зборувам за сите граѓани. Вие сте во конфузија. Знаете каков е стандардот? Не знам дали јадете ѓеврек и јогурт, јас јадам насабајле – 40 денари е ѓеврек, 30 денари е јогурт. Една фамилија со четири членови за само ѓеврек и јогурт треба да даде 280 денари. Трипати дневно 840 денари. 30 дена само да јадат ѓеврек и јогурт е 25 илјади и 200 денари. Ова е поголем износ од минималната плата во државата. Знаете во каков стандард живееме, кажа Снопче од собраниската говорница.