Вториот состанок на Балканската мировна платформа ќе се одржи денес во Истанбул под претседателство на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, објави агенцијата Анадолу.
Министрите за надворешни работи на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија досега го потврдија своето учество на состанокот, а се очекува да одржат и билатерални средби меѓу себе.
Платформата, која е основана на иницијатива на Турција, има за цел да ја поддржи соработката меѓу земјите од Балканскиот Полуостров и да најде одржливи решенија за регионалните проблеми на земјите во регионот. Првиот состанок на Платформата се одржа во јули минатата година во Истанбул.