Собранието денеска во рамки на 65-та седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов Народен правобранител.
За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство 28 беа „за“, а осум „против“.
Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит.
Одлуката Сељами да биде избран за народен правобранител на местото на Насер Зибер, кој замина во пензија, беше донесена од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата уште во јули минатата година. Но, тој не можеше да биде изгласан затоа што немаше доволен број пратеници за гласање по Бадентер.