Состанокот се смета за клучен момент за Украина и можност да се утврди дали Москва е навистина подготвена за мировен процес или, пак, се обидува да добие на време. Разговорите следуваат по неодамнешната средба на рускиот претседател Владимир Путин со пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп во Москва, која Кремљ ја опиша како „корисна“, но и „многу отворена“.
Според информациите, Русија го поставила повлекувањето на украинската војска од Донбас како услов за постигнување мир. Во меѓувреме, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, упати апел до граѓаните да го напуштат градот поради безбедносната состојба.
На меѓународен план, Велика Британија реагираше на неодамнешниот говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој тој ја критикуваше Европа.
Со почетокот на состанокот во Абу Даби официјално стартуваа првите директни трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави од почетокот на војната.