Албанскиот парламент ги одобри измените на Кривичниот законик, со кои се декриминализира клеветата на новинарите

По одобрувањето на законскиот пакет, албанскиот министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук/ЕУ во Албанија

Албанскиот парламент утрово одобри пакет измени на Кривичниот законик на земјата, објави Euronews Albania. Измените, меѓу другото, обезбедуваат поголема безбедност за новинарите со декриминализирање на клеветата од нивна страна, како и казни од 2 до 5 години за закани или насилство врз нив.

Измените на албанскиот Кривичен законик предвидуваат и построги казни за нелегална градба и палење, како и построги мерки за паркирање на втората линија, што сега ќе биде казниво со парична казна или затвор до една година.

По одобрувањето на законскиот пакет, албанскиот министер за правда, Бесфорт Ламалари, напиша на социјалните мрежи дека оваа одлука е важен чекор кон зајакнување на владеењето на правото и исполнување на обврските на Албанија во процесот на европска интеграција.

Ламалари рече дека следниот „голем предизвик“ е нацртот за нов Кривичен законик и додаде дека работата на него продолжува.