Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година, се зголемени во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9 %. Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.0 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 7.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година се зголемени за:
0.2 % во однос на претходниот месец
5.0 % во однос на истиот месец од претходната година