ДЗС: Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 4.6 %,

рговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.0 %, а реално опаѓа за 3.0 %

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Телма Тв

Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 4.6 %, соопшти ДЗС.

Во трговијата на мало во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11.5 %, а реално за 4.6 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 1.0 %, а реално опаѓа за 3.0 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6.3 %, а реално за 0.8 % и Трговија на мало со автомобилски горива реално е зголемена за 1.5 %, а номинално опаѓа за 1.6 %.

Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, стапката на прометот во следниве групи/класи:

* Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 11.5 %, а реално за
4.6 %

* Трговија на мало, освен трговија со горива номинално е зголемена за 6.3 %, а реално за 0.8 %