Во јануари, годишната стапка на инфлација во Турција падна на 30,65 проценти, достигнувајќи го најниското ниво од ноември 2021 година, објави агенцијата АА, повикувајќи се на официјални податоци од Турскиот институт за статистика (ТУРКСТАТ).
Во јануари, вкупниот индекс на потрошувачки цени (CPI) во Турција се зголеми за 4,84 проценти, додека индексот на цени на производители (PPI), кој ја мери инфлацијата во фазата пред да стигне до крајните потрошувачи, се зголеми за 2,67 проценти, покажаа уште податоците.
Според прогнозата на економистите кои учествуваа во анкетата за очекувањата за инфлација спроведена од економскиот оддел на агенцијата АА, се очекуваше индексот на потрошувачки цени да порасне за 4,21 процент во јануари, врз основа на што тие претпоставија дека годишната инфлација ќе падне на 29,86 проценти овој месец, забележа медиумот.