Ѓорѓиевски порача дека партиските апетити немаат место во Град Скопје

„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра“, соопшти градоначалникот

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа во објава на Фејсбук порача дека нема вработувања во Град Скопје и дека немало да дозволи ниту еден денар од буџетот на скопјани да биде злоупотребен.

„Јавно побарав од сите советници да гласаат против одлуката од минатото за вработување на 21 лице, одлука што директно би го чинела градот 1,4 милиони евра. Тоа се пари на граѓаните, средства со кои можеме да изградиме кружни текови, да обезбедиме нови автобуси и да реализираме проекти што носат реална корист за Скопје“, истакна Ѓорѓиевски.

„И затоа, партиските апетити немаат место во Град Скопје. На градскиот буџет гледам како на сопствениот“, додаде градоначалникот.