Раст на цените на угостителските услуги

Во однос на истиот месец од претходната година, цените на угостителските услуги во јануари 2026 година сe зголемени за 3.4 %

од Vladimir Zorba
13 прегледи Фото: Фејсбук

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Во однос на истиот месец од претходната година, цените на угостителските услуги во јануари 2026 година сe зголемени за 3.4 %. Цените на угостителските услуги 2025 година, во однос на 2024 година, се зголемени за 4.8 %.

Цените во угостителството, по групи, во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, се зголемени за:

* 0.3 % кај Храна
* 0.2 % кај Алкохолни пијалаци

Во групите Безалкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени на цените.