Мајка се породила и го оставила бебето во болница

Полицијата ѝ поднесе кривична пријава

од Nikola Popovski
30 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Канал 5

Велешката полиција поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе.