Исчезна 39-годишен прилепчанец, семејството и полицијата трагаат по него

Два дена нема трага од Виктор Илиоски, апел до граѓаните за помош

од Nikola Popovski
22 прегледи Фото: Фејсбук

Полицијата соопшти дека на 15 февруари 2026 година во 16:15 часот во ОВР Прилеп, Д.И. (69) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син В.И. (39). Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Претходно, семејството на Виктор Илиоски од Прилеп објави апел за помош, наведувајќи дека му се губи секаква трага од пред два дена. Според објавата на неговата мајка, Роза Илиоска, тој последен пат бил виден околу 14 часот.

Во моментот на исчезнувањето бил облечен во тегет јакна, црни тренерки и сиви патики.

Семејството ги повикува сите граѓани кои имаат каква било информација да се јават на телефонскиот број 076 303 292.