Од јули две нови авиолинии од Скопскиот аеродром до Италија

Годинава од Скопје ќе се лета кон Сардинија и Сицилија

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: SKP airports

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информира дека се воведуваат уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром. Од 18-ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија, а од 15-ти јули ќе може да се лета и до Палермо.

Според Николоски, со овие две нови авиолинии на „Wizz Air“ се очекува уште повеќе да го зголемат авио-сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.

„Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo. Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром“, појасни вицепремиерот.