Панчевски не ги исполнува условите за нов републички обвинител, четворица остануваат во игра

Советот даде позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристоска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Процедурата за избор на нов државен јавен обвинител влегува во клучна фаза. Совет на јавни обвинители на седница треба да достави образложено мислење до Владата за кандидатите што конкурираат за функцијата. Во трка се петмина. Сепа, Советот прва ја разгледа кандидатурата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, притоа едногласно одлучи дека тој не го исполнува условот за непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавeн обвинител или судиja од областа на кривичното право.

Советот даде позитивно мислење за кандидатурите на в.д. државната јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристоска, судијата од Кривичниот суд, Ненад Савевски, и обвинителката од скопското Обвинителство, Лидија Раичевиќ.

Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат непрекинат работен стаж од најмалку 10 години како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.

Во согласност со Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите што беа пристигнати во Собранието беа препратени до Владата, која потоа бара мислење од Советот на јавните обвинители за сите кандидати. Советот е должен да достави образложени мислења во рок од 15 дена до Владата по што таа до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.

Слични содржини