Двајца млади нападнале 59-годишник во казино

Скопјанец натепан во казино во Карпош

од Nikola Popovski
8 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 16.02.2026 во 23:05 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца мажи од Скопје, Л.К.(19) и К.Н.(22), по претходна пријава за физички напад.

Инцидентот се случил околу 22:30 часот во казино на подрачјето на Карпош, кога двајцата пријавени физички го нападнале 59-годишниот Р.М. од Скопје.

По целосно документирање на случајот, против Л.К. и К.Н. ќе следуваат соодветни кривични пријави. објави Скопје1.мк