Калајџиев: Досега сме немале власт која се откажала од своето влијание во судството и обвинителството

„Целата прикаска на Владата за реформи се сведува на тоа да донесат свои кадровски решенија“, тврди професорот

од Nikola Popovski
26 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во Македонија досега сме немале сериозна дебата, ниту научна ниту јавна за тоа во која насока да се двиши обвинителството кое во Уставот е определено само како самостојно, а не и независно додека срамежливо се спомнува независното функционирање на Обвинителството и до сега било колатерална штета на промените во судството додека законите кои сега се нудат како решенија не претставуваат вистинска реформа, изјави професорот Гордан Калајџиев во вчерашната дебата „24 анализа“ на ТВ 24.

„Досега не сме имале власт која што надвор од реторичките приказни за самостојноста би се откажала од обидот да ги има под свое влијание и судската и обвинителската власт…целата прикаска на владата за реформи се сведува на тоа да донесат свои кадровски решенија“, додава Калајџиев.

Според него, можни решенија за да се избегне влијанието на владата во обвинителството е обвинителите сами да го избираат јавниот обвинител, да се бира на општи избори од страна на граѓаните или да е номиниран од страна на опозицијата.