Дилери фатени при продажба на марихуана, ја фрлиле кога им пристапиле полицајци

Во Радовиш и радовишко лишени од слобода дилер и четворица корисници, пронајдена е марихуана

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: МВР

На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана.

Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени. Лицата се задржани во Полициската станица Радовиш, каде во службен разговор М.Р. и Б.У. признале дека во момент кога биле затекнати од полициски службеници купувале марихуана од Е.С..

Истиот ден, во 19:20 часот на влез во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Ј.А.(24) и М.У.(28), двајцата од Радовиш. при преглед во такси возило во кое се превезувале, кај нив била пронајдена марихуана. Ј.А. и М.У. се задржани во полициската станица Радовиш, со нив се извршени службени разговори, при што признале дека марихуаната која е пронајдена кај нив, претходно ја купиле од Е.С. од село Бучим.

За случаите е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.