Со 30 камиони и 3 гребалки се работи на улицата „Перо Наков“

Според градските власти, на улицата се работи по речиси три децении запоставеност

од Nikola Popovski
13 прегледи Фото: Фејсбук

„Додека градот мирува, машините не запираат“, порача синоќа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со работниците беше на реконструкцијата на улицата „Перо Наков“.

– Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба – со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери. Значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува, порача Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи.

Според нео, ова се прави по речиси три децении запоставеност.

Реконструкцијата опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.

Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.