Мерц не гледа брз крај на војната во Украина: Руската „владејачка елита“ не може без конфликт

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има малку шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ ANI News

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека има малку шанси за брз крај на војната во Украина преку преговори.

Тој изјави за германските весници NBR и Rheinfalz дека според него војната ќе заврши само кога една од двете страни ќе биде исцрпена, „или воено или економски“.

„Разумот и хуманитарните аргументи нема да го убедат рускиот претседател Владимир Путин. Тоа е горчливата вистина“, рече Мерц.

Според него, целта на европските напори е „да се спречи руската држава воено да ја продолжи војната и да ја финансира“, објави „Шпигел“.

Мерц рече дека смета дека е практично невозможно нормалните односи со Путин некогаш да се вратат.

„Кога го гледам овој режим и овој слеп, бесен терор, имам малку надеж“, рече германскиот канцелар.

Според Мерц, руската „владејачка елита“ не може без војна во догледна иднина и мора да ја одржува воената машина во функција бидејќи немаат план што друго да прават со стотици илјади војници, од кои некои се тешко трауматизирани, кога ќе се вратат од фронтот.