Ендрју Маунтбатен-Виндзор, брат на британскиот крал Чарлс III, беше уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Кралот потврди дека Бакингемската палата ќе помогне во истрагата.
Британската полиција разјасни дека апсењето не е поврзано со Вирџинија Џуфре или други млади девојки во врската меѓу поранешниот принц и сега починатиот осуден сексуален престапник Џефри Епштајн. Станува збор за злоупотребите на Ендрју кога тој бил владин претставник за продажба и му пренесувал доверливи информации на Епштајн од неговите патувања во странство.
Ендрју постојано и категорично негираше какво било кривично дело. Тој е во притвор за испрашување, каде што може да биде задржан максимум 96 часа.
Полицијата моментално го пребарува имотот Сандрингам во Норфолк, каде што беше уапсен и живеел по напуштањето на Виндздор. Но, полицијата е исто така и во Ројал Лоџ во Виндздор, од каде што се исели порано.
Бакингемската палата соопшти дека ќе поддржи евентуална полициска истрага, а денес, по апсењето, самиот крал Чарлс издаде соопштение во кое се вели:
„Со најдлабока загриженост ја дознав веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Во тек е целосен, фер и правилен процес, преку кој ова прашање се истражува на соодветен начин и од страна на надлежните органи.
Кралот и Бакингемската палата не биле однапред известени од полицијата за апсењето.
Инаку, Ендру Маунтбатен-Виндзор денес полни 66 години.