Утрово повторно е пријавена дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, со што се продолжува серијата последователни закани што се регистрирани во оваа образовна установа во последниот период.
Според првичните информации, како што пренесуваат дел од медиумите во земјава на албански јазик, веднаш по приемот на известувањето, преземени се стандардни безбедносни процедури, а учениците и вработениот персонал се привремено евакуирани од училиштето.
Се очекува надлежните органи да потврдат дали станува збор за лажна дојава. Повеќе информации од МВР се очекуваат во текот на денот.