Вечеравечер заедно со премиерот Христијан Мицкоски извршивме увид во градежните активности на еден од најзначајните и за мене најдраги инфраструктурни проекти, булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива својата прва подземна сообраќајница.
Работата се одвива со засилена динамика, десетици камиони и градежни машини се на терен, дури и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален и не се создаваат дополнителни гужви.
Оваа пракса на интензивна работа ќе продолжи сè до крајот на мојот мандат, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил.