СДСМ: Почесниот македонски конзул во Србија објавувал дека „Северна Македонија била окупирана“

„Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела“, соопштија од опозициската партија

од Nikola Popovski
173 прегледи

СДСМ потсетува дека пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија, Душан Адамовиќ. Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија била окупирана“.

Кузеска истакна и дека Адамовиќ е висок функционер на СНС и близок со српскиот претседател, Александар Вучиќ.

„Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него.

Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела.

Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат“, тврди Кузеска на прес-конференција.

Фото: СДСМ

Според СДСМ, прашањето е како покрај толку угледни визнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул.

-Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала  Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски, праша Кузеска.