Во неколку училишта во Скопје и Тетово денеска имало дојави за поставени експлозивни направи, но утврдено е дека се работи за лажни дојави.
Од МВР потврдуваат дека вакви случаи денеска се пријавени кај нив.
„Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Ова не е прв пат да има лажни дојави во училиштата во земјава. Во истиот период лани полицијата евидентираше над 240 дојави за поставени бомби во училиштата низ земјава и за сите беше утврдено дека се лажни.