Со 62 гласови „За“ и 11 „Против“, пратениците во Собранието го избраа Никола Затуроски за нов претседател на Регулаторната комисија за домување. Претходно СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги партизира и редовите на РКД. Како што рече пратеникот Митко Трајчулески, Затуроски во минатото беше еден од предлозите за Советот за граѓански надзор за следење на комуникациите.
Трајчулески информира дека Затуроски целиот свој работен век го поминал во образованието како професор по математика, а без искуство во областа во која се именува.
„За член на истата оваа комисија се предлага Љубиша Јовановски кој целиот свој животен и работек век го поминал во оваа сфера, кој е еден од најголемите познавачи на домувањето, кој лично го познавам од работењето во Транспорт и врски. Уште еден пример како функционира власта во оваа држава. Не се води сметка за поставување на соодветни кадри на соодветни позиции. Ова некако наликува на приказната со султанот и големиот везир, за на крај да биде „ниту ти голем везир, ниту јас голем султан“, рече пратеникот од собраниската говорница.
Затуроски од струшко Враништа е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.