Европската комисија денес предложи отворање преговори со земјите од Западен Балкан за нивно интегрирање во режимот „Roam Like at Home“ на ЕУ.
Откако ќе се финализираат договорите со секоја земја и секоја од нив целосно ќе ги исполни правилата за роаминг на ЕУ, луѓето што патуваат помеѓу ЕУ и Западен Балкан ќе можат да повикуваат, да испраќаат СМС-пораки и да користат мобилни податоци без дополнителни трошоци за роаминг.
Според соопштението на ЕК, ова значи поврзување по домашни цени не само за граѓаните и бизнисите од Западен Балкан што ја посетуваат ЕУ, туку и за патниците од ЕУ во Западен Балкан, а договорот треба да ги направи повиците полесни и подостапни и за луѓето и за компаниите што се во ЕУ или Западен Балкан за студирање, работа или одмор.
ЕК бара одобрение од Советот на ЕУ за отворање преговори со партнерите од Западен Балкан за овој предлог, а откако Советот ќе го усвои предлогот, ЕК ќе преговара за билатерални договори со секој партнер од Западен Балкан.
Предлогот на ЕК има за цел да се надогради и да се подобрат постојните обврски за доброволно роаминг помеѓу некои мобилни оператори во ЕУ и Западен Балкан.
Како што е наведено, предлогот е конкретен пример за пристапот на ЕУ кон постепена интеграција пред пристапувањето во ЕУ, како што е наведено во Планот за раст за Западен Балкан за 2023 година.