Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денес изјави дека Украина добила повеќе финансиска помош од Европската Унија во последните четири години отколку што добила Унгарија од нејзиното приклучување во Унијата во 2004 година.
Сијарто ја обвини ЕУ во парламентот за погрешно распределување на средствата, тврдејќи дека „сака да ги потроши сите свои ресурси на безнадежна војна што не може да се добие, фрлајќи ги парите на Европејците во бездна“, објави МТИ.
Министерот истакна дека ЕУ обезбедила 193 милијарди евра помош за Украина од почетокот на војната во Украина, што, како што рече, е „три пати повеќе“ отколку што добила Унгарија од пристапувањето.