МВР излезе со детали за теренската акција на институциите, која прерасна во тензична сцена со бркање на животни по ридовите во кривопаланечко. Според објавите, во акцијата учествувале инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и припадници на МВР, додека дел од семејството-сопственик се обидувало да ги оттурне кравите од службените лица.
-На 25.02.2026 во 09:35 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ја лишија од слобода Ј.Ѓ. (27) од село Жидилово, кривопаланечко, затоа што спречила вработени од Агенција за храна и ветеринарство во извршување на службени дејствија, а кои постапувале по решение за спроведување мерки за одземање на домашни животни -крави.
Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава, соопштија од полицијата.
Ова не е првпат службите да се соочат со отпор. Во претходна акција, поради попречување на службени лица, сопствениците завршија во притвор, но во меѓувреме се пуштени на слобода.