„Важно место им е посветено на албанскиот фактор и Албанците кои што живеат во Македонија. Тие се државотворен народ во оваа држава, активно придонесуваат за политичката стабилност во владеењето и евроатлантските ориентации. Спроведувањето и имплементацијата на Охридскиот рамовек договор не претставува техничко туку суштинско прашање кое што се однесува на социјалната кохезија, меѓуетничката соработка и институционалната соработка“, рече денеска претседателот на Албанија, Бајрам Бегај на денешната прес-конфереција со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.
Тој посакувал да седне на една иста маса со сите партии од албанскиот блок, но, како што вели, тие застапуваат различни политички идеологии и се додека едниот дел од албанскиот блок е на власт, а другите се во опозиција, сметаме дека средбите треба да бидат одделени.
-Кога станало збор за сонот на Албанците за евроатлантската ориентација, албанскиот фактор бил обединет и е обединет. На Балканот се произведува повеќе политика отколку што е потребно и многу често Балканот произведувал непотреба бучава. Иднината треба да биде спокојна, мирна и со изобилие. Не треба да се фокусираме на минатото, кажа Бегај.